27 Sep Кампуваме заедно
Центарот за младински активизам Крик во периодот од 24 ти до 27 ми Јули 2020 год. организираше летен младински инклузивен камп ” Кампуваме заедно”. Кампот вклучуваше ученици од нашето училиште ,млади лица со попреченост и типичен развој.Кампот е финансиски поддржан од Агенцијата за спорт и млади и ги содржеше следните активности
Активности за градење на група
Активности на отворено ( пешачење , водени лудории ,кајакарење и други спортски активности)
Работилница каде се користат методи на неформално образование.
Пловење со брод и посета на манастирот Св. Наум Охридски
Интетесни и забавни активности.
На самиот камп се преземаа сите мерки за заштита од Ковид 19.