social image

ДСУ „Св. Наум Охридски“

Патот до успехот започнува овде,
изберете подобра иднина!

Нашето мото: Сакам, умеам, можам!

Мисија:

Пријатна и безбедна средина во која со посветеност и тимска работа се овозможува учениците целосно да го развијат сопствениот потенцијал и непречено да се вклучат во општествениот живот.

„Љубовта и посветеноста се мотив за напредок.“

Визија:

Училиште во кое се јакне самодовербата и одговорноста и сите постигнувања заеднички се прославуваат.

„Колку повеќе знам, толку повеќе се осмелувам“

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

 
  • Пријава за запишување (пријавата за запишување ученикот ја подигнува од училиштето
    во кое ученикот сака да се запише и истата е бесплатна);
  • Оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
  • Извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето);
  • Наод и мислење за видот и степенот на психофизичката попреченост;
  • Потврда од работната организација на еден од родителите, кој е во редовен работен однос;
  • Потврда од службата за вакцинација во соодветната здравствена организација

Аплицирајте за стипендии

Информации како да аплицирате или да ја продолжите стипендијата за ученици/чки со посебни потреби