social image

Училиштен одбор

Училишниот одбор е орган на управување во училиштето. Неговата улога и состав се дефинирани со закон.

Составен е од 12 члена, и тоа: четири претставници од наставно-воспитниот кадар на училиштето, три претставници од родителите/старателите на учениците, три претставници од основачот (Влада на РСМ), еден претставник од Министерство за образование и наука и еден претставник од деловната заедница (Стопанска комора).

Училишниот одбор како највисок орган на управување функционира според определена динамика за работа, а реализираните седници произлегуваат од потребите во функција на квалитетна организација на работата на училиштето. Oдлуките кои се донесуваат на состаноците, јавно се истакнуваат на огласна табла, со цел да се покаже јавност и транспарентност во работата на овој орган на управување на училиштето.

Претседател на училишниот одбор е Геле Донаков.