Во рамките на училиштето функционира и ученички дом, наменет за престој и исхрана на учениците од другите општини, кои учат во нашето училиште.
Домот располага со 22 соби од по 2-4 легла, бањи, перална, кујна, трпезарија и занимална.
Во ученичкиот дом се поттикнува развојот кај учениците преку подготовки за настава, потикнување на креативни способности и социјализација, стекнување на работни и хигиенски навики, вреднување на моралот, хуманоста, другарството, и подобрување на психомоторните способности преку физички активности.