-
04.9.2024
-
Еразмус + проекти
Проектот започна во септември 2020 год. со партнерство на 6 држави: Франција, Германија, Латвија, Македонија, Романија и Словенија и вклучува ученици со интелектуална попреченост, нивни наставници, воспитувачи, родители - старатели и локални претприемачи. Координатор на проектот е Словенија.
Главен фокус на проектот е грижата за животната средина на глобално ниво и можност за нови вработувања при правилно раководење со отпадот, неговата реупотреба и рециклирање. Посебна цел на проектот е учениците да стекнат знаења и вештини да го редуцираат отпадот, да го реупотребуваат и да дизајнираат и изработуваат производи што создаваат помалку отпад.