„Многу нишки еден свет“
Ова е мотото под кое во нашето училиште се реализираат МИО активностите. Во насока на подобрување на меѓуетничката интеграција училиштето планира и реализира активности помеѓу етнички мешана младина на ниво на училиштето и на ниво на заедницата.
Овие активности претставуваат вистински предизвик за учениците кои со ентузијазам и задоволство ги реализираат. Покрај воспоставената интерперсонална комуникација и соработка со припадници на други етнички заедници, учениците имаат можност да ги искажат и да ги збогатат своите знаења и умеења. ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ – Скопје, во партнерство со СУГС „Цветан Димов“- Скопје, во континуитет реализираат заеднички активности кои се поддржани со грант од МОН. Успешното реализирање на овие активности придонесе, училиштето ДСУ рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ - Скопје да биде избрано во рамките на Компонентата 3 – стимул за училиштата/реновирање на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието (МИМО) имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) во соработка со Министерството за образование и наука и сите образовни институции.
Во рамките на овој проект, реновирана и опремена е спортската сала, опремена е машинската струка и во училишниот двор е изградено фудбалско игралиште.