social image

ЕКО АКТИВНОСТИ

Статут на ЕКО училиште – Зелено знаме

Нашето училиште посветува внимание на едукација за зачувување на животната средина. Се реализираат еко-активности кои имаат цел подигање на еколошката свест и грижа за околината од страна на учениците, наставниците, родителите и останатите вработени. Преку еко програмата учениците стекнуваат активна и одговорна улога која ја практикуваат во училиштето и домот. Преку активностите се овозможува теоретското знаење да го применат во секојдневниот живот. Активностите се насочени кон намалување на потрошувачката на вода и електрична енергија. Континуирано се работи на разубавување и уредување на дворот и внатрешноста на училишната зграда. Учениците се едуцираат за правилата на однесување во сообраќајот, користење на јавен превоз и велосипед. Редовно се спроведуваат акции за собирање, селектирање, реупотреба и продавање на отпадот. Се реализираат едукативни активности за здрава и органска храна, одржување на хигиената и физичката активност како дел од здравиот начин на живеење.

ЕКОЛОШКИ КАЛЕНДАР

ЕКО активности

Сите вести од ЕКО активности