Училишни активности

Рекапитулар на посетата на делегацијата на Ротари Интернационал на нашето училиште

Момент за паметење – посета на училиштето за деца со посебни образовни потреби
Минатиот месец, на 26 март, продолжи инспиративната мисија на Ротари семејството со уште една топла и емотивна посета – овој пат во училиштето за деца со посебни образовни потреби ДСУ за рехабилитација и образование „Св.Наум Охридски“ - Скопје, каде што ни се придружија претседателката на Ротари Интернационал, г-ѓа Стефани Урчик, директорот на Ротари Интернационал, г. Даниел Танасе, гувернерот на Дистриктот Словенија и Северна Македонија, г. Мирослав Стравс, минатиот Гувернер на Дистриктот Македонија и Словенија, Раде Христовски, координаторката на Сојузот на Ротари клубови во Македонија, Елена Панова, претставник од издавачката куќа Арс Ламина, Ана Несторовска-Саздовска, авторот Александар Русјаков, како и претставници од Rotary Club Skopje West – клуб кој има изградено цврста и долгорочна соработка со ова училиште преку бројни донации и заеднички активности.
🎶🎭 Учениците ги воодушевија присутните гости со прекрасно подготвени музички и драмски изведби, изведени со исклучителна посветеност и емоција.
Работата на училиштето и сите активности ги претставија директорот Јордан Стојановски, како и целиот тим. „Нашето училиште постои за нашите ученици. Ние сме тука да ги поддржиме, охрабриме, воспитаме, научиме, но пред сѐ – да ги сакаме. Училиштето е нашата заедничка куќа исполнета со среќа, љубов и разбирање. Во него, секој ден учиме, но и градиме пријателства кои траат“ – изјави директорот Стојановски.
📚 Во рамки на посетата, беше реализирана донација на 55 книги од издавачката куќа Ars Lamina, во присуство на авторот Александар Русјаков, кој беше длабоко трогнат од настапите на децата и топлиот прием. Тој изјави дека ова искуство ќе остане највпечатливо во неговото срце и никогаш нема да го заборави.
🧸 Една од книгите која беше донирана е сликовницата инспирирана од најпознатата анегдота поврзана со Франц Кафка и девојчето кое тагува по изгубената кукла. Иако вистинитоста на оваа приказна никогаш не е потврдена, таа претставува длабока книжевна инспирација. Делото е прв влез на Русјаков во детската литература и беше промовирано неодамна – на 18 февруари. Преку неговиот автентичен, лирски и нежен стил, тој ја преработува приказната на Кафка на начин кој ветува дека оваа сликовница ќе стане омилено семејно четиво. 💫
Оваа посета уште еднаш покажа дека вистинската хуманост се препознава во блискоста, поддршката и радоста што ја споделуваме со најмладите.

Галерија

Пребарај