Училишни активности

„Тука сме, заедно сме, а можеме повеќе“

На 9.4.2025 г., по дванаесетти пат, се одржа настанот под мотото „Тука сме, заедно сме, а можеме повеќе“. Настанот е дел од програмата на арт-секцијата од нашето училиште, а целта е да се создава чувство на заедништво, припадност, соработка и помагање на другите. Покрај арт-секцијата учествуваа литературнo-рецитаторската, литературната, драмската, музичката и ритмичката секција. Настанот го збогатија со свои точки ДУРДМОВ „Димитар Влахов“ – Скопје, СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ – Скопје, ООУ „Ѓорче Петров“ – Скопје, ООУ „Ацо Шопов“ - Скопје, ООУ „Кузман Јосифовски Питу “ - Скопје и Театар за тебе. Во рамките на настанот беше организиран базар, на кој беа изложени креативни творби изработени од членовите на арт-секцијата, секцијата браварски операции, графичката секција и секцијата за промоција на здрава храна. Благодарност до претставниците од Владата и МОН, училиштата
што учествуваа, учениците, родителите и сите чинители и поддржатели на настанот, кои придонесоа заедно да покажеме дека можеме повеќе.

Галерија

Пребарај