Нашето училиште се приклучи на иницијативата на ЕВН за животната средина, во рамките на нивната програма „Различности, правичност и инклузија", со учество во натпреварот за избор на најдобар цртеж.
Во таа насока на 19.11.2024г. се одржа интерактивна работилница на која претставници од ЕВН ги едуцираа учениците за заштита на животната средина, а потоа учениците имаа можност да ги изразат своите идеи преку цртежи.
Во работилницата учествуваа членовите на арт и ликовната секција, а материјалите за работа ги обезбеди ЕВН.
Благодарност до ЕВН за иницијативата која придонесува за подигање на свеста на учениците за заштита на животната средина.