-
30.10.2024
-
МИО активности, Училишни активности
Во периодот од февруари до октомври, по добиениот грант од Министерството за образование и наука, училиштата партнери ДСУ за рехабилитација и образование „Св.Наум Охридски“ – Скопје и СУГС „Цветан Димов“ – Скопје, реализираа активности што придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција. Планираните активности, изведба на песната „Ода на радоста“, изработка на креативни творби – Еко-принт и изработка на картонска амбалажа и промотивен материјал се реализираа преку воведни, мултикултурни и изведбени работилници. Покрај воспоставената интерперсонална комуникација и соработка со припадници на други етнички заедници, учениците имаа можност да ги искажат и да ги збогатат своите знаења и умеења од областа на екологијата, да ја изразат својата креативност и да развиваат претприемaчки дух. Завршниот настан со презентација на активностите се одржа на 30.10.2024г. во нашето училиште.