Училишни активности

Спортски активности во Охрид

Во периодот од 27 до 29 септември 2024 год спортската секција реализираше тридневна спортска активност во Охрид со учениците, членови на секцијата и дел од нивните родители.
Активноста се реализираше со парични средства од наградата за Младинско учество.
За време на реализирање на спортските игри соработувавме со членови на фудбалската школа од Охрид (инклузивен фудбалски натпревар) и презентиравме спортски игри со децата со посебни потреби од здружението на родители "Тајните на моето срце" од Охрид. Имавме убава можност да се запознаеме со наставник од Шведска кој несебично сподели дел од спортските игри за нашите ученици.

Галерија

Пребарај