Денеска училиштата партнери ДСУ за рехабилитација и образование „Св.Наум Охридски“ – Скопје и СУГС „Цветан Димов“ – Скопје, реализираа изведбени работилници во рамките на активностите што придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција.
На работилниците беше присутна и советничката од Центарот за стручно образование и обука, Азра Тутиќ. Изведбените работилници се дел од серијата работилници низ кои се реализираат планираните активности (изведба на „Ода на радоста“, изработка на креативни творби – еко-принт и изработка на картонска амбалажа).